Со гол во судиското продолжение Виљареал успеа да го совлада Ливерпул со минимални 1-0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Во второто полуфинале Шахјтор и Севиља ремизираа 2-2.


„Црвените“ имаа реми без голови во своите раце пред реваншот на Енфилд до втората минута од трите дополнителни. Но, едно мало невнимание на потесната одбрана го искористи Денис Суарез кој несебично го проигра Адријан кој пак имаше лесна задача на празната мрежа.


Победникот од 2009 година Шахјтор и бранителот на трофејот Севиља имаа по еднаш водство на првиот полуфинален натпревар, а на крајот мораа да се задоволат со реми 2-2.

Севиља поведе со голот на Витоло во 6-та минута. Марлос во 23-та минута го изедначи резултат, а 13 минути подоцна Степаненко направи комплетен пресврт. Реми со два погодоци во гости за Севиља обезбеди Гамеиро во 82-та минута од мечот.

OhridNews