Со првите натпревари од 1/8 финалето во најмасовното клупско натпреварување во Европа продолжуваат фудбалските возбудувањата на стариот континент.
Еден од најголемите фаворити за титулата сезонава Манчестер Јунајтед ќе има тешка и „ладна“ задача во Русија против составот на Ростов.
Фудбалерите на Ростов кои настапуваа во ЛШ не се за потценување и тоа најдобро го знае Жозе Мурињо кој на официјалната пресконференција ги пофали русите. Португалецот реагираше за тревникот кој е далеку од идеален за услови на какви се навикнати англичаните.
Три од осумте мечеви ќе се одиграат во 19 часот, додека останатите пет во вечерниот термин 21 часот и 5 минути.
Двојки: АПОЕЛ – Андерлехт (19ч), Копенхаген – Ајакс, Ростов – Манчестер Јунајтед, Селта Виго – Краснодар (21:05ч), Гент – Генк, Лион – Рома, Олимпијакос – Бешикташ, Шалке – Борусија Менхенгладбах.
OhridNews