Италијанскиот калчолигаш Интер ремизираше Селтик играјќи 3-3 во меч во кој пет погодоци паднаа во првиот дел.


„Нероазурите“ имаа водство од 2-0, но домаќините носени од 60 000 грла на „Селтик Парк“ ја анулираа предноста.


Третиот погодок Интер го постигна во последната минута од првиот дел, а длабоко во судиското продолжение „детелините“ изедначија на 3-3.


Резултати : Ајакс – Легија 1-0, Андерлехт – Динамо Москва 0-0, Селтик – Интер 2-3, Гингамп – Динамо Киев 2-1, Ливерпул – Бешикташ 1-0, Севиља – Менхенгладбах 1-0, Тотенхем – Фиорентина 1-1, Виљареал – Салзбург 2-1.

Мх.П.