Големите нереди вчеравечер и во текот на целиот ден го одбележаа натпреварот меѓу Рома и Феенорд (1-1) во 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Околу 6000 навивачи на холандскиот клуб допатуваат во Рим да ги бодрат своите миленици, но направија хаос во главниот град во Италија и се судрија со полицијата.
Последните извештаи од италијанската престолница говорат дека се приведини околу 25 лица, а на двете страни има по десет повредени.
Холандските власти ја обвинија италијанската полиција за бруталност, пак „карабинерите“ во своите извештаи пишува дека се нападнати со бакли, камењa и што му се наоѓа при рала на навивачите на Феенорд.
Ohridnews