Без победник (1-1) заврши првиот натпревар меѓу Работнички и Рубин Казан во последната квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа.


Македонскиот преставник во фудбалска Европа, Работнички треба и мора да биде задоволен со ремито пред своите гледачи откако имаше негатива 1-0 и фудбалер помалку на теренот.

Во 54-та минута „романтичарите“ останаа со десет фудбалери, исклучен беше Петровиќ, а гостите бројчаната предност на теренот ја искористија десет минути подоцна кога Ѓокдениз Карадениз го отвори резултатот.


Фудбалерите на Работнички покрај негативата на семафорот и на теренот не се предадоа и со погодокот на Кире Ристевски изедначија 1-1 и ги оставија во живот амбициите за пласман во групната фаза од ЛЕ.

Реванш натпреварот во последната квалификациска рунда се игра за една седмица на теренот од Рубин Казан.

Фото : Спортмедиа
Ohridnews