Македонските интернационалци имаа одлични настапи за своите екипи во првата рунда од Лигата на Европа. Од седумте македонци едиствено пораз претрпе екипата на Тричковски, Бриж но репрезентативецот на Македонија, Тричковски е повреден и не настапи на мечот против Бордо.


Во првата рунда најзабележителен настап имаше Агим Ибраими кој успеа да постигне погодок во победата на Марибор над Панатинаикос од 3-0. Фудбалерот за врска Тасевски и неговиот тим Шмона го преживеаја “баскијскиот“ пекол ремизирајќи против Атлетик 1-1.

“Македонското“ дерби во Лигата на Европа помеѓу Лазевски со Партизан и Митрески со Нефтчи заврши без победник и без голови 0-0.


Со голем бод, иако имаа водство се враќа репрезентативниот дефанзивец Даниел Георгиевски со екипата на Стеуа од гостувањето кај германскиот Штутгарт. Наполи без Пандев на теренот забележа убедлив триумф од 4-0 над АИК.

Мх.П.