Актуелниот европски првак Челси и португалскиот тим Бенфика остварија идентични победи 3-1 по првите четвртфиналните натпревар во Лигата на Европа победувајќи ги Рубин Казан односно Њукасл пред своите гледачи.


Тотенхем иако важеше за голем фаворит пред почетокот на натпреварот со Базел одигра само 2-2 и ги очекува жесток дуел со швајцарците на реванш натпреварот за една седмица. Фенербахче со двата голови во финишот од средбата го скрши катанаџото на “лацијалите“ и извојува победа од 2-0.

Резултати : Бенфика – Њукасл 3-1, Челси – Рубин Казан 3-1, Фенербахче – Лацио 2-0, Тотенхем – Базел 2-2.

Реванш натпреварите во четвртфиналето во Лигата на Европа се игра за една седмица на 11 април.

Мх.П.