Манчестер Јунајтед го покажа вистинското лице во дербито со Фенербахче во А групата победувајќи го (4-1) на Олд Трафорд и ја заграпчи првата позицијата на табелата.


„Црвените ѓаволи“ победникот го решија во првиот дел односно од 31-та до 44-та минута кога постигнаа три погодоци. Двата пати прецизен беше Пол Погба, а еднаш мрежата ја погоди Ентони Марсијал. На стартот од второто полувреме Џеси Лингард зголеми на 4-0, а Робин ван Перси во финишот од мечот постигна почесен погодок за гостите и го постави конечниот резултат.

Интер во третата рунда од најмасовното клупско натпреварување успеа да ги запише првите бодови. На домашен терен „нероазурите“ со минимални 1-0 го совладаа составот на Саутемптон и останаа во игра за местата кои водат во нокаут фазата. 

Резултати:

Група А: Феенорд – Зорија 1-0, Манчестер Јунајтед – Фенербахче 4-0

Табела: Мен Ју 6, Феенорд 3, Фенербахче 4, Зорија 0.

Група Б: Олимпијакос – Астана 4-1, Јанг Бојс – АПОЕЛ 2-1

Табела: АПОЕЛ 6, Олимпијакос 6, Јанг Бојс 4, Астана 1.

Група Ц: Мајнц – Андерлехт 1-1, Сент Етјен – Кабала 1-0

Табела: Андерлехт 5, Сент Етјен 6, Мајнц 5, Кабала 0.

Група Д: АЗ Алкмар – Макаби Тел Авив 1-1, Дундалк – Зенит 1-2

Табела: Зенит 9, Дундалк 4, АЗ Алкмар 2, Макаби 1

Група Е: Рома – Австрија Виена 3-3, Викторија Плзен – Астра 0-2

Табела: Рома 5, Австрија Виена 5, Астра 3, Викторија Плзен 2.

Група Ф: Генк – Атлетик Билбао 2-0, Рапид Виена – Сасуоло 1-1

Табела: Генк 6, Сасуоло 4, Рапид Виена 4, Атлетик Билбао 3.

Група Г: Селта Виго – Ајакс 2-2, Стандард Лиеж – Панатинаикос 2-2

Табела: Ајас 7, Селта Виго 5, Стандард 2, Панатинаикос 1.

Група Х: Коњаспор – Брага 1-1, Шахјтор – Гент 5-0

Табела: Шахјтор 9, Гент 4, Брага 2, Коњаспор 1

Група И: Краснодар – Шалке 0-1, Салзбург – Ница 0-1

Табела: Шалке 9, Краснодар 6, Салзбург 3, Ница 0

Група Ј: Карабах – Паок 2-0, Слован Либерец – Фиорентина 1-3

Табела: Фиорентина 7, Паок 4, Карабах 4, Либерец 1

Група К: Хапоел Беер Шева – Спарта Прага 0-1, Интер – Саутемптон 1-0

Табела: Спарта Прага 6, Саутемптон 4, Хапоел Беер Шева 4, Интер 3

Група Л: Османлиспор – Виљареал 2-2, Стеауа – Цирих 1-1

Табела: Виљареал 5, Османлиспор 4, Цирих 4, Стеауа 1.

OhridNews