Натпреварите и возбудувањата на стариот континент продолжуваат со повратните мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа.
Од осумте мечеви за издвојување се соседското дерби меѓу Бешикташ и Олимпијакос, дуелот на Олд Трафорд меѓу Манчестер Јунајтед – Ростов и бундеслигашкото дерби Борусија Менхенгладбах – Шалке. Трите мечеви завршија со идентичен нерешен резултат (1-1) и домаќините поради голот на гости почнуваат со мининамална предност.
– Имаме предност поради постиганиот гол во гости, но ние ќе играме како да е 0-0, односо ќе играме да победиме. Не не интересира голот во гости туку победата, бидејќи само така ќе бидиме сигурно во нашиот квалитет. – изјави Жозе Мурињо.
Двојки:
19ч:
Бешикташ – Олимпијакос (1-1)
Краснодар – Селта Виго (1-2)
Генк – Гент (5-2)
21:05ч:
Ајакс – Копенхаген (1-2)
Андерлехт – АПОЕЛ (1-0)
Борусија Менхенгладбах – Шалке (1-1)
Манчестер Јунајтед – Ростов (1-1)
Рома – Лион (2-4)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews