Фудбалерите на Бешикташ ги фрлија во транс своите навивачите, откако со 4-1 го совладаа Олимпијакос и со вкупни 5-2 обезбедија пласман во 1/4 финалето од Лигата на Европа.
Турскиот состав одигра прво квалитетно, а потоа и херојски. До 22-та минута имаа водство 2-0, а гостите после половина час намалија на 2-1. Пред крајот на првиот дел домаќините останаа со играч помалку по директниот црвен картон на Абубакар. Бешикташ носен од громогласната публика го издржа притисокот и со два голови во последните петнаесет минути од мечот ја осигураа победата вредна пласман меѓу осумте најдобри.
Во истиот термин со Бешикташ пласман обезбедија Селта Виго која го елиминираше тимот на Краснодар и Генк кој беше подобар од Гент во белгиската пресметка.
OhridNews