Екипите на Днипро и Севиља ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа во финалето кое ќе се одигра на 27 мај во полскиот град Варшава.
Во полуфиналните пресметки Днипро и Севиља успешно ги минаа италијанските преставници Наполи со вкупен резултат (2-1) односно Фиорентина со (5-0).
Неизвесен до самиот крај беше натпреварот во Киев меѓу Днипро и Наполи, кој му припадна на домаќините со 1-0.
Наспроти актуелниот првак во ЛЕ, Севиља, кој за половина час ги разреши дилемите околу пласманот во финалето.
Мх.П.