Англискиот премиерлигаш Арсенал обезбеди капитална предност после првиот меч со Милан победувајќи со 2-0 на Сан Сиро во 1/8 финалето во Лигата на Европа.

Позитивните работи за „топчиите“ во Милано ги најави Хенрик Мхитаријан кој во 14-та минута го отвори резултатот. До крајот на првиот дел следуваше нов шок за домаќините, откако Арон Ремзи го дуплираше водството.

„Росонерите“ ќе мораат да подобрат многу работи пред реваншот на Емирати кој Арсенал ќе го започне со голема предност.

Резултати: Милан – Арсенал 0-2, Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 3-0, Борусија Дортмунд – Салзбург 1-2, ЦСКА Москва – Лион 0-1, Лацио – Динамо Киев 2-2, Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао 3-1, Лајпциг – Зенит 2-1, Спортинг Лисабон – Викторија Плзен 2-0.

OhridNews