Англискиот премиерлигаш Ливерпул во 1/4 финалето од Лигата на Европа силите ќе ги одмери со екипата на Борусија Дортмунд.
Бундеслигашот беше желба на менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп, но не во 1/4 финалето туку во финалето.
Клоп ќе има емоционално враќање на Сиганла Идуна Парк, каде имаше заеднички среќни моменти со „милионерите“.
Двојки:
Брага – Шахјтор
Виљареал – Спарта Прага
Атлетико Билбао – Севиља
Борусија Дортмунд – Ливерпул
Првите четвртфинални мечеви на програмата се на 7 април, а реваншите седум дена подоцна односно на 14 април.
Мх.П.