Мечот меѓу Борусија Дортмунд и Ливерпул ќе биде во центарот на вниманието во првите четвртфинални пресметки во Лигата на Европа.
Малку поради англиско-германското ривалство, но најмногу поради враќањето на Јирген Клоп во Дортмунд овој меч ќе биде во фокусот на целата спортска јавност.
Клоп на клупата од „милионерите“ помина седум години освојувајќи титули во Бундес лигата, националниот куп и Супер купот на Германија.
По извлекувањето на двојките Клоп не сакаше овој двомеч да помине во неговиот знак, но сигурно ова ќе биде најемотивниот дуел со некој противник.
Сите мечеви од Лигата на Европа се играат во 21:05ч.
Двојки: Атлетик Билбао – Севиља, Борусија Дортмунд – Ливерпул, Брага – Шахјтор, Виљареал – Спарта Прага.
OhridNews