Серија инциденти, (не)очекувани нереди, навивачки пресметки, полициска интервенција , повеќемина ултрас навивачи повредени, неколкумина приведени, но и гостинска победа 0-1 го одблежаа првиот меч од третото квалификациско коло меѓу Австрија и Спартак во Виена.

Повеќе од илјадa навивачи на Спартак, допатуваа во Виена да го бодрат својот Спартак во мечот од Лигата на Европа. Тие се погрижија денот да биде запаметен не по фудбал, туку по дивеењето и пресметките со полицијата и со ултрас навивачите на “виолетовите“ во Виена. Мечот свое предигрe имаше пред стадионот кога полицијата мораше да ги зголеми своите сили за да спречи инциднети од поголеми размери.

Но во целата приказна имаше и трета страна, и тоа навивачите на Слован Братислава кои не се во роматнична врска со “трнавци“. – Знам дека сите навивчи не се добри, но тие беа провоцирани, а денес во Виена можевме да видиме и навивачи на Слован Братислава кои ги напаѓаа нашите фанови – рече менаџерот на гостите Михаил Каран.

Случувањата надвор од теренот ги коментираше и менаџерот на Австрија Виена, Торстен Финк. – Жалосно е што фудбалските мечеви се користaт за вакви случувања – рече Финк.

Иако надвор беше „жустро“ на теренот искри немаше. Навивачите на двата клуба коректно ги бодреа своите миленици кои одиграа натпревар достоен на рангот. Победи “аутсајдерот“ кој ја искористи заспаноста на домаќините на стартот на вториот дел и по само 20 секунди игра се најде во предност со голот на Тамбе.  – Ниако неможам да бидам задоволен со пораз дома од 0-1. Не само што не победивме туку примивме и гол. Не е добро. Но, она што е добро во овие мечеви во Лига Европа е тоа што има и реванш меч. Во гости играме многу подобро – коментираше Финк.


Австрија имаше 70-30 посед на топка, имаше и неколку 100% прилки, но Кајоде не успеа да го совлада 19 годишниот Јакубе кој веројатно го одигра мечот на кариерата. Според менаџерот на Спартак, не е уште готово.  – Се уште е се отворено, Австрија останува фаворит за пласман понатаму, но сега шансите се 50-50 – рече Каран. 

Реванш мечот се игра наредниот четврток во Трнава.

Од Виена,Мирко Постоловски

Фото:“Кроне.ат“