Жестока навивачка тепачка со сериозни последици на трибините и на теренот го одложи почетокот на мечот помеѓу Лион – Бешикташ во 1/4 финалето во Лигата на Европа. 


Инцидентот од големи размери го иницирале навивачите на турскиот состав кои прво имачле блиска средба со полицијата и обезбедувањето на стадионот, а потоа и со домашните навивачи.


Натпреварот со 40-ет минути задоцнување започна, а УЕФА ќе има полни раце работа за санкционирање на двете екипи. Овој инцидент е капак на се, после случувањата во Дортмунд каде клупскиот автобус од „милионерите“ беше нападнат од терористи.

OhridNews