Екипата на Ливерпул заедно со Шахјтор, Брага, Борусија Дортмунд и Севиља им се приклучија на Спарта Прага, Виљареал и Атлетик Билбао во 1/4 финалето од Лигата на Европа.


„Црвените“ во осминафиналниот двомеч го елиминираa лутиот ривал од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед со вкупен резултат (3-1).

„Ѓаволите“ тргнаа решително да ја анулираат негативата од Енфилд и половично успеаја кога Ентони Марсијал погоди од пенал за 1-0.

 
Но, во налетот домаќините ги скроти бразилскиот репрезентативец Филипе Кутињо кој пред крајот на првиот дел со велемајсторскиот потег го постигна многу посакуваниот гол во гости.

 
Во вториот дел домаќините го загубија здивот, а и Ливерпул не дозволи Манчестер да се размавне како во првиот дел.

Гостите од Енфилд го задржаа ремито на семафарот и ја срушија позитивната традиција на „ѓаволите“ со англиските екипи во европските натпреварувања.


Резултати: Андерлехт – Шахјтор 0-1 (1-4), Брага – Фенербахче 4-1 (0-1), Манчестер Јунајтед – Ливерпул 1-1 (0-2), Севиља – Базел 3-0 (0-0), Тотенхем – Борусија Дортмунд 1-2 (0-3).

ЛЕ: Чешка шлаканица за Лацио на Олимпико (видео)

Мх.П.