Манчестер Јунајтед обезбеди минимална, но голема предност во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа совладувајќи го тимот на Селта Виго со 1-0 во Шпанија.
Творец на победата на „црвените ѓаволи“ беше тинејџерската сензација Маркус Рашфорд кој на луциден начин го надмудри одличниот голман Серхио Алварез од слободен удар.
Во текот на целиот натпревар пулените на Жозе Мурињо доминираа, а домаќините имаа неколку спорадични напади кои беа далеку од опасни.
За седум дена „бебињата“ на Олд Трафорд ќе имаат задача да ја задржат предноста од Виго и да го чекираат билетот за финалето во Стоклхом.
OhridNews