Екипите на Манчестер Јунајтед и Наполи немаат право на грешка во реванш натпреварите од 1/16 финалето во Лигата на Европа.


Поразот на Манчестер Јунајтед (2-1) од Митјиланд беше вистинска сензација во првите мечеви, а „црвените ѓаволи“ ќе имаат многу што да кажат на Олд Трафорд.

Исто така пораз во првиот меч претрпе и Наполи (1-0) од Виљареал, и „азурите“ за пласман понатаму ќе мораат да победат со два голови разлика.

Двојки:

17ч: Локомотив – Фенербахче (0-2)

19ч: Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј (1-0), Леверкузен – Спортинг (1-0), Краснодар – Спарта Прага (0-1), Лацио – Галатасарај (1-1), Ливерпул – Аугзбург (0-0), Рапид Виена – Валенсија (0-6), Шалке – Шахјтор Доњецк (0-0).

21:05ч: Базел – Сент Етјен (2-3), Порто – Борусија Дортмунд (0-2), Манчестер Јунајтед – Митјиланд (1-2), Молде – Севиља (0-3), Олимпијакос – Андерлехт (1-0), Наполи – Виљареал (0-1), Тотенхем – Фиорентина (1-1).

Во заградите се резултатите од првите одиграни натпревари минатата недела.

OhridNews