Екипите на Манчестер Јунајтед, Шалке и Краснодар се првите патници меѓу 16-те најдобри во Лигата на Европа, откако ги елиминираа Сент Етјен (4-0), ПАОК (4-1) односно Фенербахче (2-1).
„Црвените ѓаволи“ со минимален триумф (1-0) над Сент Етјен во Франција го заверија пласманот понатаму, наспроти Шалке кој ремизираше (1-1) пред своите гледачи со ПАОК.
Изненадување приреди тимот на Краснодар кој во Истанбул против Фенербахче ремизираше (1-1) и ја задржа предноста (1-0) од првиот натпревар.
Мечевите од 1/16 финалето ќе се комплетираат со останатите натпревари кои на програмата се в четврток во 19 и 21:05 часот.
Резултати: Сент Етјен – Мен Ју 0-1 (0-4), Шалке – ПАОК 1-1 (4-1), Фенербахче – Краснодар 1-1 (1-2).
OhridNews