Македонските преставници во Лига Европа, Металург и Ренова, попладнево ќе ги одиграат возвратните натпревари од првото квалификациско коло.

И Металург и Ренова се големи фаворити и евентуална нивна елиминација би била вистинска сензација.

Металург на домашен терен ќе ја пречека Биркиркара, првиот меч одигран пред една недела на Малата заврши со резултат 2:2. Натпреварот ќе започне во 17:30 часот.

Ренова за разлика од Металург ќе гостува кај Либертас, аматерите од Сан Марино. На првиот натпревар Ренова победи со 4:0, резултат кој возвратниот меч го прави само формалност. Натпреварот Либертас – Ренова ќе започне во 20:30 часот.