Невнимателноста во одбраната во последните 15 минути од мечот беше причината за поразот на македонскиот преставник Металург на гостувањето кај Рух Хорзов со 3-1. По постигнатиот гол во 70 минута, “зелените“ се бранеа и со 10 фудбалери позади топката, но несигурниот Павловиќ и последната линија потфрлија по што на реваншот “металурзите“ ќе имаат “планина за искачување.“

Реванш мечот се игра во четврток 26 јули во Скопје.