Без победник (1-1) заврши големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Ливерпул на „Вестфален“ стадионот во првата рунда од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.


Иако „црвените“ се враќаат со гол во гости, сепак, на Енфилд на вториот меч ќе бидат сите карти отворени и погодокот не мора ништо да значи.

Гостите од Англија поведоа со 1-0 со голот на Дивок Ориги во 36-та минута, „милионерите“ на стартот од вториот дел преку Мет Хумелс ги изедначија бројките на семафарот.


И двете екипи имаа свои шанси во продолжението од мечот, но голманите го имаа главниот збор и не дозволија втора радост.

Двојки: Атлетик Билбао – Севиља 1-2, Борусија Дортмунд – Ливерпул 1-1, Брага – Шахјтор 1-2, Виљареал – Спарта Прага 2-1.

Мх.П.