Екипата на Арсенал ќе нема право на грешка пред своите гледачи во реваншот на Емирати, откако во првиот меч од 1/16 финалето претрпе пораз од БАТЕ Борисов (1-0), додека Интер покажа каратер и покрај проблемите во своите редови го совлада Рапид со минимални (1-0).

Италијанскиот калчолигаш и без својот најдобар играч во екипата, Мауро Икарди кој одби да настапи на дуелот во Виена успеа да обезбеди поволен резултатот. Стрелец на победничкиот погодок беше Лаутаро Мартинез кој погоди од белата точка во 38-та минута од натпреварот.

Финишот од првото полувреме се покажа кобно за Арсенал. Фудбалерите на БАТЕ Борисов со погодокот на Станислас Дагун во 45-та минута стигнаа до водство. „Топчиите“ во вторите 45 минути не најдоа одговор за одбраната на домаќините и претрпе минимален пораз. Во реваншот за една недела англичаните не ќе може да сметаат на Александар Лаказет кој доби директен црвен картон во 85-та минута.

Реванш натпреварите на програмата се следната недела.

Резултати: БАТЕ Борисов – Арсенал 1-0, Краснодар – Баер Леверкузен 0-0, Галатасарај – Бенфика 1-2, Лацио – Севиља 0-1, Олимпијакос – Динамо Киев 2-2, Рапид Виена – Интер 0-1, Рен – Бетис 3-3, Славија Прага – Генк 0-0.

OhridNews