Фудбалерите на Зенит запишаа нови три бодови на табелата во фазата по групи во Лигата на Европа совладувајќи го Вардар во петтата рунда со минимални 2-1.
За „црвено црните“ ова е петти пораз во групната фаза, но за разлика од другите избраниците на Чедомир Јаневски одиграа како што знаат и умеат и потсетија на мечевите од стартот на сезоната.
Русите после 16-ет минути игра поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Дмитри Полож. Десеттина минути подоцна домашните фудбалери не реализираа удар од белата точка преку Артем Џуба. До крајот на полувремето Зенит со голот на Емилијано Ригони го дуплираше водството. Водството од 2-0 на домаќините беше до 90-та минута кога Дејан Блажевски намали на 2-1 и го постави конечниот резулат.
Во вториот меч од групата Реал Сосиедад како гостин славеше во Розенборг (1-0) и во последната рунда во меѓусебен дуел со Зенит ќе решаваат за првата позиција на табелата.
OhridNews