Без голови и без победник 0-0 заврши првата пресметка меѓу Шкендија и Портадаун во првото предквалификациско коло од Лигата Европа.

Тетовоски “црвено-црни“ и во третиот свој обид не успеа да ја забелеат првата победа. Лани на два пати беа поразени од Партизан, додека во првиот меч годинава ремизираше на мечот кој се одигра во Куманово.

Реванш мечот се игра за седум дена во С.Ирска. Во четврток ќе играат останатите македонски преставници. Металург гостува во Малта, додека Ренова на домашен терен ја започнува евроавантурата.