Лигата на Европа е последната шанса за Манчестер Јунајтед да направи некој посериозен успех сезонава, но првиот меч против Митјиланд во 1/16 финалето не наговестува такво нешто откако го загубија со 2-1.


„Црвените ѓаволи“ одлично го отворија мечот и поведоа со голот на Мемфис Депај, но по кој знае кој пат подоцна потклекнаа и претрпеа пораз во продолжението од мечот.

 
Домаќините пред крајот на првиот дел израмнија 1-1 со голот на Систо, а во 77-та минута направија комплетен пресврт за конечна победа после погодокот на Онуачу.

 
Резултати: Андерлехт – Олимпијакос 1-0, Борусија Дортмунд – Порто 2-0, Митјиланд – Манчестер Јунајтед 2-1, Фиорентина – Тотенхем 1-1, Сент Етјен – Базел 3-2, Севиља – Молде 3-0, Виљареал – Наполи 1-0.

OhridNews