Екипата на Молде со триумфот над Селтик (2-1) во Глазгов го потврди епетитот изненадување на сезоната во Лигата на Европа.
Норвежаните во четирите одиграни мечеви во групата имаат три победи и едно реми и далеку зад себе ги оставија екипите како Ајакс, Фенербахче и Селтик.
Пулените на Оле Гунар Солскајер поведоа со 1-0 со голот на Елјонуси, домаќините изедначија преку Комонс, а гостите одново предноста ја вратија со голот на Хестад.
Кога „детелините“ притиснаа Битон непромислено стартуваше и заработи директен црвен картон по што им ја олесна работа на гостите.
Резултати :
Група А : Ајакс – Фенербахче 0-0, Селтик – Молде 1-2
Табела : Молде 10, Фенербахче 5, Ајакс 3, Селтик 2.
Група Б : Рубин Казан – Ливерпул 0-1, Сион – Бордо 1-1
Табела : Сион 8, Ливерпул 6, Рубин Казан 2, Бордо 2
Група Ц : Борусија Дортмунд – Калаба 4-0, Краснодар – ПАОК 2-1
Табела : Дортмунд 10, Краснодар 7, ПАОК 3, Калаба 1
Група Д : Клуб Бриж – Легија 1-0, Наполи – Митјиланд 5-0
Табела : Наполи 12, Митјилианд 6, Клуб Бриж 4, Легија 1.
Група Е : Динамо Москва – Виљареал 1-2, Викторија – Рапид Виена 1-2
Табела : Рапид 12, Виљареал 9, Викторија 3, Динамо Минск 0.
Група Ф : Гронинген – Либерец 0-1, Олимпик Марсеј – Брага 1-0
Табела : Брага 9, Либерец 7, Марсеј 6, Гронинген 1.
Ohridnews











