Новата сезона во Лигата на Европа , виeнски Рапид ќе ја започне против шпанскиот Виљареал. Тимот од Шпанија е фаворит во групата, во која уште играат Викториа Плзен и Динамо Минск.

– Шпанскиот состав е фаворит во оваа група, ние заедно со Викториа и Динамо ќе се бориме за втората позиција која носи пласман во нок аут фазата. Секако дека тоа не значи дека однапрад ќе се предадаме, напротив ќе направиме се да стигнеме до нова победа – вели Зоран Баришич, стратегот на Рапид.

Стратегот на клупата на Рапид има само пофални зборови за “жолтата подморница“. Неиграњето на Солдадо за Баришич не е голем хендикеп за тимот на Марселињо. – И без Солдадо тие се силен тим, припаѓат во топ клубовите во Европа, за мене тие се како мини-Барселона. За да се победат потребен е перфектен меч, доста трчање, малку отворен простор и секако факторот среќа – посочи Баришич.

За Рапид ова е прв меч против Виљареал во клупската историја, исто како и плеј оф мечевите во квалификациите од Лигата на Шампиони против Ајакс и Шахтјор. – Ова е ново натпреварување, прв меч во лигата, започнуваме од 0-0. Ќе дадеме се за да славиме против Виљреал, дали тоа ќе биде доволно ќе покаже крајниот резултат- истакна Баришич. 

Силно мотивиран е и бранителот Дибон , кој поради суспензијата на Сонлеитнер ќе го брани голот на Новота во тандем со Максимилијан Хофман. – Ние сме добро вооиграни, секој кој ќе се најде на теренот ќе го даде максимумот за да стигнеме до победа. Шпанските тимови негуваат отворен и офанзивен фудбал, но тоа за нас не е нешто непознато. Навистина нешто прекрасно е да се игра пред домашната публика и пред полни трибини. Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката со победа – рече Дибон.

Играчки Рапид е непознаница за фудбалерот од средниот ред на Виљареал, Антонио Рукавина. – Не познавам некој фудбалер на Рапид, но ова што знам е дека се работи за квалитетен тим. Ние сме во добра форма, и очекувам таа добра форма да ја потврдиме и на мечот против Рапид- потенцираше Рукавина.

Фаворитската улога во оваа група му припаѓа на Виљареал, но тренерот Марселињо знае дека тоа треба да потврди на теренот. -За разлика од Антонио, јас повеќе пати го гледав Рапид, па така да ги познавам фудбалерите. Имаа одличен тим играат дисциплинирано и имаат супер контра. Ние сме фаворити но тоа ќе треба да го покажаме на терен, само тоа дека сме фаворите не ги носи бодовите на конто, ние не сме на нивото на Ајакс и Шахтјор кои имаат огромна традиција и милионски буџети и се на нивото од клубовите од Лигата на Шампиони. Среќни сме што сме повторно во Европа и ќе направиме се што подолго да останеме во ова натпреварување – рече Марселињо.

Мечот Рапид – Виљареал започнува во 19 часот , а ќе го води судиска тројка од Шведска на чело со Стефан Јоханенсон.

М.П.