Позитивната тензија од полуфиналниот меч на Енфилд меѓу Ливерпул и Виљареал се преточи во негативна на пресконференцијата меѓу тренерите Јирген Клоп и Марселињо по завршувањето на натпреварот по кој „црвените“ обезбедија пласман во финалето од Лигата на Европа.
Стратегот на Виљареал имаше замерки за однесувањето на Клоп по головите. – Клоп е навистина голем тренер, но подобро да не кажувам што мислам за неговиот однос. Никогаш нема да бидам како него во победите и кон противниците. Тука ќе завршам за да не продолжи овој разговор во празно.
Германецот, пак, одговори на свој начин. -Нема да биде како мене во победите. Јас нема да бидам како него ниту една секунда во мојот живот. Тој е добар тренер, но тоа е тоа.
Ливерпул со 3-0 го совлада Виљареал и ја надоходна негативата 1-0 од првиот натпревар. Англискиот премиерлигаш во финалето во Базел ќе се сретне со тимот Севиља.
Ливерпул и Севиља со стил во финалето од Лигата на Европа (видео)
OhridNews