Англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер Јунајтед прв пат во својата историјата силите ќе ги одмерат во некое европското натпреварување, а со тоа ќе може да се пофали Лигата на Европа.
Најтрофејните екипи во англискиот фудбал токму во Лигата на Европа го гледаат спасот за сезоната која може да се заокружи како неуспешна за фудбалерите од двата тима.
„Црвените ѓаволи“ имаат серија од четири победи во Премиер лигата, а никогаш до сега не успеала една екипа да врзе пет победи во низа во англиското „Ел Класико“.
Прв домаќин во англиската пресметка ќе биде Ливерпул, а реваншот ќе се одигра на Олд Трафорд за недела дена.
Двојки:
(19:00ч) Базел – Севиља, Борусија Дортмунд – Тотенхем, Фенербахче – Брага, Шахјтор – Андерлехт
(21:05ч) Атлетик Билбао – Валенсија, Ливерпул – Манчестер Јунајтед, Спарта Прага – Лацио, Виљареал – Баер Леверкузен
OhridNews











