Италијанскиот калчолигаш, Интер најверојатно нема дочека пролет во Лигата на Европа, по третиот пораз во четвртиот натпревар. На победа против „нероазурите“ се радуваат фудбалерите на Саутемптон кои славеа со 2-1.


Ниту втората тренерска смена во Интер не вроди со плод, а според играта нема ниту надеж за излез од кризата која го зафати некогашниот европски првак.

Сепак, работите на стадионот на „Светлината“ за Интер тргнаа добро, откако Мауро Икарди погоди за водство 1-0 во 33-та минута. Првата шанса за егал, домаќините ја прокоцкаа во 45-та минута кога Душан Тадиќ не реализираше удар од белата точка.

Од 64-та до 69-та минута „светците“ израмнија и го презедоа водство, а стрелци на головите беа Виргил ван Дијк и Наготомо кој си ја затресе сопствената мрежа.


После овој пораз Интер остана закован на дното од групата, на врвот се одлепија Спарта Прага и Саутемптон.

Резултати:

Група Г: Ајакс – Селта 3-2, Панатинаикос – Стандард 0-3

Табела: Ајас 10, Стандард 5, Селта 5, Панатинаикос 1

Група Х: Брага – Коњаспор 3-1, Гент – Шахјтор 3-5

Табела: Шахјтор 12, Брага 5, Гент 4, Коњаспорт 1

Група И: Ница – Салзбург 0-2, Шалке – Краснодар 2-0

Табела: Шалке 12, Краснодар 6, Салзбург 3, Ница 3

Група Ј: Фиорентина – Слован Либерец 3-0, ПАОК – Карабах 0-1

Табела: Фиорентина 10, Карабах 7, ПАОК 4, Слован Либерец 1

Група К: Саутемптон – Интер 2-1, Спарта Прага – Хапоел Бер Шева 2-0

Табела: Спарта Прага 9, Саутемптон 7, Хапоел Бер Шева 4, Интер 3

Група Л: Цирих – Стеауа 0-0, Виљареал – Османлиспор 1-2

Табела: Османлиспор 7, Виљареал 5, Цирих 5, Стеауа 3

OhridNews