Фудбалерите на Партизан, евро-авантура ќе ја завршат во фазата по групи во Лигата на Европа, откако прокоцкаа водство од 2-0 и голема шанса за пласман понатака. Холандскиот АЗ Алкмар со играч помалку во финишот мечот постигна два погодоци и ги отпиша „црно белите“ во пресрет на последната рунда од групната фаза.

 

Партизан во првиот половина час постигна два погодоци и не можеше да посака подобар почеток на натпреварот. За 1-0 погоди Такума Асано, а на 2-0 зголеми Сејдуба Сумах. Во последните десеттина минути од мечот АЗ Алкмар остана со играч помалку, но и во таков развој на настаните успеа да постигне два погодоци и да се избори за реми рамно на победа.

Резултати: 

Група Г: Феенорд – Ренџерс 2-2, Јанг Бојс – Порто 1-2

Група Х: ЦСКА Москва – Лудогорец 1-1, Ференцварош – Еспањол 2-2

Група И: Александрија – Волфзбург 0-1, Сент Етјен – Гент 0-0

Група Ј: Башекшехир – Рома 0-3, Волфсбергер – Борусија Менхенгладбах 0-1

Група К: Бешикташ – Слован Братислава 2-1, Брага – Вулверхемптон 3-3

Група Л: Астана – Манчестер Јунајтед 2-1, АЗ Алкмар – Партизан 2-2

OhridNews