Екипите на Интер и Бешикташ неславно со пораз пред своите гледачи од Волфзбург 2-1 односно Бриж 3-1 се простија од понатамошните натпревари во Лигата на Европа.
Турците имаа водство 1-0 резултат што ги водеше во четвртфиналето, но белгијците со три погодоци го свртеа мечот и обезбедија пласман понатаму.
„Нероазурите“ веруваа во чудо покрај големата негатива 3-1 од првиот натпревар. Избраниците на Роберто Манчини неможеаја против добро организирани германци, а навивачите на „Џузепе Меаца“ ги испратија со свирежи своите миленици.
Резултати : Рома – Фиорентина 0-3 (1-1), Динамо Киев – Евертон 5-2 (1-2), Динамо Москва – Наполи 0-0 (1-3), Ајакс – Днипро 1-0 (1-0), Бешикташ – Клуб Бриж 1-3 (1-2), Интер – Волфзбург 1-2 (1-3), Севиља – Виљареал 2-1 (3-1), Торино – Зенит 1-0 (0-2).
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
Мх.П.