Со погодокот на Марио Балотели од белата точка во 84-та минута Ливерпул со минимални 1-0 го совлада Бешикташ во првиот 1/16 финален натпревар во Лигата на Европа.
Пред изведување на пеналот претходеше шоу на италијанскиот репрезентативец. Прво му ја одзеде топката на Џордан Хендерсон, а се скара и со Даниел Стариџ.
Капитенот на „црвените“, Стивен Џерард, кој не настапи на мечот го искритикува Балотели за потегот, кој го направи.
– Честитеки за Балотели што погоди и донесе победа, но не е добро кога гледате како се расправаат играчите, кој да го изведе пеналот. Мислам дека Хендерсон добро реагираше што попушти и се повлече. Тој фудбалер беше капитен на овој натпревар и лошо е што Балотели не покажа никаков респект према капитенот на екипата. Ќе има ситуација каде 5-6 играчи ќе сакаат да го изведат ударот и тогаш што ќе правиме. Правилото во изведувањето не пеналите мора да се почитува за тоа и постои. – рече Џерард.
Ohridnews