Ривалите од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе одиграат нов меч по кој ќе се знае патникот во 1/4 финалето во Лигата на Европа.


На Олд Трафорд „ѓаволите“ ја бркаат негативата додека „црвените“ ќе ја чуваар предноста (2-0) стекната на Енфилд на првиот натпревар.

Ливерпул доминираше во првиот од двата осминафинални мечеви, а сега такво нешто најавува составот на Манчестер Јунајтед.

И двете екипи во Лигата на Европа гледаат спас за лошите сезони во Премиер лигата, но еден состав по вечерашниот дуел ќе ја изгуби.

Двојки:

19ч: Баер Леверкузен – Виљареал (0-2), Лацио – Спарта Прага (1-1), Валенсија – Алтетик Билбао (0-1).

21:05ч: Андерлехт – Шахјтор (1-3), Брага – Фенербахче (0-1), Манчестер Јунајтед – Ливерпул (0-2), Севиља – Базел (0-0), Тотенхем – Борусија Дортмунд (0-3).

OhridNews