Фудбалерите на Вардар во првата квалификациска рунда заврпија со натпреварите во Лигата на Европа и ниту за момент не потсетија на минатогодишниот успех кога се изборија за влез во фазата по групи во најмасовното клупско натпреварување.

„Црвено црните“ во двата мечеви со Пјуник претрпea порази 1-0 во гости односно 0-2 на домашен не успевајќи да постигнат погодок во мрежата на противникот.

Во првиот натпревар „вардарци“ и покрај минималниот пораз одиграа слабо, а нешто подобро делуваа на мечот во Скопје без разлика на повисокиот пораз. Пјуник со два голови во финишот ја обезбеди победата и пласманот во следната рунда од квалификациите.

После елиминацијата на Вардар, а претходно на Шкупи и Работнички наш единствен преставник останува тетовска Шкендија која на 24 јули на домашен терен против Шериф ја започнува втората фаза во клалификациите за пласман во Лигата на Шампиони.

OhridNews