Српскиот преставник во Лигата на Европа, Партизан нема по добро да го памети гостувањето на „Сан Мамеш“ откако претрпе убедлив пораз (5-1) од Атлетик Билбао во четвртата рунда од групната фаза.
Домаќините го отворија резултатот во 15-та минута со голот на Инаки Вилијамс, но „црно белите“ минута подоцна израмнија преку Абоубакар.
Вилијамс во 19-та минута одновно носи предност за домаќините, а до крајот на првиот дел за „црвено белите“ погоди уште Ечеберија.
Со головите на Адуриз и Елустондо во вториот дел фудбалерите на Атлетик Билбао ја запечатија победата над Партизан која пак ги доближи до пласман во нокаут фазата.
Резултати :
Група Г : Розенборг – Лацио 0-2, Сент Етјен – Днипро 3-0
Табела : Лацио 10, Сент Етјен 7, Днипро 4, Розенборг 1
Група Х : Бешикташ – Локомотив 1-1, Скендербеу – Спортинг 3-0
Табела : Локомотив 8, Бешикташ 6, Спортинг 4, Скендербеу 3.
Група И : Беленсенс – Базел 0-2, Лех – Фиорентина 0-2
Табела : Базел 9, Фиорентина 6, Лех 4, Беленесенс 4
Група Ј : Карабах – Монако 1-1, Тотенхем – Андерлехт 2-1
Табела : Тотенхем 7, Монако 6, Андерлехт 4, Карабах 4.
Група К : Астерас – АПОЕЛ 2-0, Спарта Прага – Шалке 1-1
Табела : Шалке 8, Спарта 6, Астерас 4, АПОЕЛ 3.
Група Л : Атлетик Билбао – Партизан 5-1, Аугзбург – АЗ Алкмар 4-1
Табела : Атлетик Билбао 9, Партизан 6, Аугзбург 6, Аз Алкмар 3
Ohridnews











