Белградските „црно бели“ уште не почнати ја завршија евроавантура откако отпаднаа од Заглебие во втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа.


И двата меча завршија без голови 0-0, а ниту продолжението не понуди голови и патникот во третата квалификациска фаза се одлучуваше по пенал рулетот.

Посреќни и поумешни беа домаќините фудбалерите на Заглебие кои погодија четири од петте пенали наспроти Партизан кој реализираше три.


„Црно белите“ во поновата историја никогаш не отпаднале во првите мечеви од квалификациски циклус, но очигледно за се има прв пат.

OhridNews