Металург претпре пораз со 3-1 на гостувањето кај полскиот Рух Хорзов во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата Европа.

Натпреварот по првите 45 минути заврши без голови 0-0, благодарение на дирекот на голманот на Металург, Павловиќ. Таму заврши ударот од белата точка на Зиенчук.

“Зелените“ сепак стигнаа први до предност и тоа со голот на Мемеди во 70 минута од мечот. Но после тој момент настана вистински бродолом на македонскиот тим.

Во 74 минута Плеих на додавање на Јанковски. Истиот фудбалер во 83 минута ги доведе во предност домаќини со неговиот втор гол на мечот. Металурзите дополнително ги искомпликуваа работите кога во судиското надополнување уште еднаш ја вадеа топката од својата мрежа. Стрелец во судиското надополнување беше Ставарчук.

Реванш мечот се игра за седум дена во Скопје.