Фудбалерите на Манчестер Јунајтед извлекоа позитивно реми проти Ростов ремизирајќи (1-1) во првиот натпревар од осмифиналето во Лигата на Европа.


„Црвените ѓаволи“ поведоа со 1-0 во 35-та минута преку Хенрик Мхтаријан. Водството на гостите не траеше премногу, бидејќи домаќините во 53-та со голот на Александер Букаров измранија 1-1.


Лошиот терен не дозволи допадлива и атрактивна игра, двете екипи повеќе се чуваа да не се повредат отколку да постигнат погодок кој ќе значеше победа.

Резултати: АПОЕЛ – Андерлехт 0-1, Копенхаген – Ајакс 2-1, Ростов – Манчестер Јунајтед 1-1, Селта Виго – Краснодар 2-1, Гент – Генк 2-5, Лион – Рома 4-2, Олимпијакос – Бешикташ 1-1, Шалке – Борусија Менхенгладбах 1-1.
.

OhridNews