Мечот во Тирана помеѓу Кукеши и Легија најпрвин беше прекинат при водство на полскиот тим (1:2), а потоа УЕФА реши иститот да биде прекинат.
Швајцарскиот судија Стефан Клоснер го прекина мечот, откако играчот на Легија Андреј Дуда бил погоден со камен во главата. Инаку инцидентот се случил кога играчите на Легија го прославувале голот на Џејмс Рженичак со кој полскиот тим стигнал до предност од 2:1.
Инаку навивачите на Кукеши уште пред почетокот на мечот најавија дека се можни инциденти бидејќи на трибините истакнала транспарент на кој пишувало: „Крајот на натпреварот ќе биде крајот на твојот живот: Не сум Словен, јас сум Албанец“.
Позитивен резултат од Цирих носи Динамо Минск, откако славеше со 1:0 над историмениот тим. Железничар од Сараево загуби со 2:1 во Лиеж од Стандард, додека Хајдук во Сплит го победи норвешки Стромгодсет со 2:0.
Борусија Дортмунд не блескаше но славеше победа во Австрија над Волфсбергер, а Розенборг со пресврт во Унгарија славеше над Дебрецен со 3:2.
Убедлив настап имаа француските екипи Бордо и Сент Етиен. Бордо со 3:0 триумфираше над АЕК ларнака, додека Сент Етиен со ист резултат во Романија запиша победа над Таргу Муреш.
ПАОК со играч помалку славеше над Спартак Трнава (1:0), Рубин Казањ во Грац славеше над Штурн (3:2), а Атлетик Билбао запиша рутинска победа над Интер Баку (2:0). Атромитос го изненади АИК во Стокхолм (3:1), АЗ Алкмар го победи Басакшехир (2:0), додека украинска Зорја победи во Белгија против Шарлроа (2:0).
Вест Хем киксираше против Астра, англискиот тим испушти водство од 2:0, мечот заврши без победник, додека сигурна победа забележа Саутемптон над Витесе (3:0).
Резултати: Кајрат-Абердин 2:1, Елфсборг-Од Гренланд 3:1, АИК-Атромитос 1:3, Алтах-Гимараеш 2:1, Аполон-Габала 1:1, Краснодар-Слован Братислава 2:0, Либерец-Шмона 2:1, ПАОК-Трнава 1:0, Штурм-Рубин 2:3, АЗ Алкмар-Басакшехир 2:0, Тун-Вадуз 0:0, Жилина-Ворскла 2:0, Цирих-Динамо Минск 0:1, Таргу Муреш-Сен Етиен 0:3, Брондби-Омонија 0:0, Дебрецен-Розенборг 2:3, Работнички-Трабзон 1:0, Кукеши-Легија (прекинато 1:2), Бордо-АЕК 3:0, Шарлроа-Зорја 0:2, Стандард-Железничар 2:1, Атлетик Билбао-Интер Баку 2:0, Вест Хем-Астра 2:2, Беленешеш-Гетеборг 2:1, Хајдук-Стромгодсет 2:0, Сампдорија-Војводина 4:0, Волфсбергер-Борусија Дортмунд 0:1, Саутемптон-Витесе 3:0.
Ohridnews