Екипите на Манчестер Јунајтед, Селта, Ајакс и Лион се полуфиналисти во најмасовното клупско натпреварување во Европа.


Полуфиналните протагонисти имаа различен пат до целта. Манчестер Јунајтед после продолженија го елиминираше Андерлехт совладувајќи го 2-1, откако регуларните деведесет минути завршија 1-1.


На сличен начин како „ѓаволите“ пласман во ТОП 4 обезбеди и тимот на Ајакс. Холанѓаните изгубија од Шалке 3-2, но првиот меч го добија со 2-0 резултат кој им донесе полуфинале.


Францускиот преставник Лион после изведување на пеналите (7-6) го совлада Бешикташ, откако двата мечеви завршија со идентична победа за домаќините (2-1).


Во регуларните деведесет минути полуфиналниот билет го чекираше Селта која во Белгија кај составот на Генк ремизирајќи 1-1 ја одбрани предноста (3-2) од првиот натпревар.

Резултати: Генк – Селта 1-1 (2-3), Мен Ју – Андерлехт 2-1 (1-1), Шалке – Ајакс 3-1 (0-2), Бешикташ – Лион 2-1 (.-.) 

OhridNews