Составот на Реал Сосиедад лесно и убедливо стигна до нова победа во фазата по групи во Лигата на Европа совладувајќи го Вардар со 6-0 на „Филип Втори“ стадионот.

Сите дилеми околу победникот и надежи за „црвено црните“ за сефте поени во групната фаза шпанците ги срушија после 35 минути игра во кои постигнаа два голови. До крајот на првиот дел гостите реализираа уште еден за убедливо водство (3-0) на полувремето.

Во второто полувреме гостинските фудбалери продолжија во исти ритам и по еден час игра ја зголемија предноста на 5-0. Тој резултат беше активен до последната минута од мечот, кога со шестиот гол фудбалерите на Реал Сосиедад го запечатија триумфот.

„Вардарци“ остануваа на дното од табелата без поени после три одиграни мечеви, додека „баскијците“ со шест бодови се наоѓаат на втората позиција. Во преостанатиот натпревар Зенит со 3-1 го совлада Розенборг и го продолжи победничкиот низ во групната фаза.

Фото: Гол.мк
Ohridnews