Без голови и без победник заврши првиот дуел помеѓу Црвена Ѕвезда и ЦСКА Москва во рамките од 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Иако мрежите мируваа на „Рајко Митиќ“ стадионот двете екипи одиграа добар натпревар со неколку изгледни прилики за погодок.

Во првиот дел русите ја имаа контролата на топката, а најдобрата шанса ја имаа домаќините, но голманот Акинфеев не дозволи радост на „црвено белите“ навивачи.

Второто полувреме не ја промени сликата на теренот. Сериозно кон голот на домашните фудбалери се заканија гостите, но и тие не најдоа начин да го совладаат Милан Борјан.

Одлуката за патникот во 1/8 финалето ќе падне на реваншот натпревар во Москва кој ќе се одигра следниот четврток.

OhridNews