Во седиштето на УЕФА во Нион, во беа извлечени двојките за натпреварите од третото коло во второто квалитативно натпреварување на Стариот континент, Лига Европа. Македонија во ова натпреварување има два претставника Ренова и Металург.

Ренова која во четвртокот на домашен терен загуби од Гомел со 0:2, во реваншот ќе има невозможна задача, да се пласира понатаму.  Доколку фудбалерите на актуелниот Куп освојувач, приредат првокласна сензација, тогаш во третото коло за противник ќе го имаат славниот Ливерпул, кој пред две сезони играше против Работнички.

Многу пореални шанси да стигне до третото коло имаат фудбалерите на Металург. Екипата на Ѓорѓи Христов, во четвртокот, во Полска загуби од Рух Хорзов со 3:1, разлика која може да се надополни. Ако Металург мине понатаму во третото коло го очекува понеделникот од двомечот помеѓу Металург Рустави и Викторија Плзен. Чесите првиот меч како гости го добија со 3:1.

Комплетни двојки за третото коло во Лига Европа:
Ренова/Гомел-Ливерпул
Металург/Рух Хорзов-Металурги Рустави/Викторија Плзен
Слован Братислава/Видеотон-Диферданж/Гент
Осјек/Калмар-Јанг Бојс/Зимбру
Шахтјор Солигорс/Рид-Лиепијанас/Легија
Рапид Букурешт/МиПа-Херенвен
АИК/Хафнарфјодур-Хазар/Лех Познањ
Данди јунајтед-Динамо Москва
Широки/Сент Патрикс-Хановер
Ескишехир/Сент Џонстон-Олимпик Марсеј
Арсенак Киев-Мура/ЦСКА Софија
Сервет/Габџасар-Розенборг/Ордабаси
Хорсенс-Дачија/Елфсборг
Бурсаспор-Макаби Нетанија/КуПс
Атлетик Билбао/Славен Белупо/Портдаун
АПОЕЛ/Сеница-Тирана/Алесунд
Левски/Сарајево-Јиваскила/Зета
Стеауа-Спартак Трнава/Слајго Роверс
Анжи/Хонвед-Локомотив Пловдив/Витесе
Интер-Хајдук/Сконто
Жалгирис/Адмира-Спарта Прага
Интер Баку/Астерас Триполис-Маритимо
Генк-Милсами/Актобе
Олимпија/Тромсо-Металург Доњецк/Челик Никшиќ
Твенте/Интер Турку-Малда Болеслав/Тор
Бнеи Јехуда/Ширак Џумри-ПАОК
Архус/Дила Гори-Левадија/Анортозис

Првите натпревари од третото коло, во Лига Европа ќе се одиграат на 2. август, реваншите се на 9. август.

“макфакс“