Фудбалерите на Рома со 2-1 го совладаа Феенорд пред своите гледачи и со вкупни 3-2 обезбедија пласман во осминафиналето.
Навивачите на холандскиот состав не му приредија топло добре дојде на римјаните и не бираа средства да ги провоцираат. На тоа гостите одговорија со погодок преку Лјаиќ во судиското продолжение од првиот дел.
Во второто полувреме имаше два погодоци, два црвени картони и прекин од 15-ет минути.
Домашниот фудбалер остро стартуваше над Манолас, а судијата без размислување му покажа црвен картон. После исклучувањето фановите на Феенорд го погодија со тврд предмет судијата, кој го прекина мечот.
После 15 минутен прекин натпреварот продолжи, а домаќинтие израмнија на 1-1. Но, радоста кратко траеше откако по две минути Жервињо погоди за 2-1 што се покажа како краен резултат.
Резултати : Бриж – Алборг 3-0 (4-1), Олимпијакос – Днипро 2-2 (0-2), Феенерод – Рома 1-2 (1-1), Атлетик Билбао – Торино 2-3 (2-2), Наполи – Трабзон 1-0 (4-0), Спортинг – Волфзбург 0-0 (0-2), Евертон – Јанг Бојс 3-1 (4-1).
Мх.П.