Единствениот македонски преставник во Лигата на Европа, Работнички претрпе минимален пораз (1-0) од Јелгава во првиот од двата дуели во второто квалификациско коло.


Фудбалерите на Работнички го торпедираа со шутеви голот на домаќинот, но никој не заврши позади голманот во мрежата.

Летонците сурово со погодок во финишот од натпреварот ги казнија „романтичарите“ за нереализираните шанси и најавија интересен реванш во Скопје.


Во првата квалификациска рунда Работнички го мина тимот на Флора од Талин, но од гостувањето се врати непоразен играјќи 0-0.

Мх.П.