Ливерпул и Рубин Казан ги поделија бодовите играјќи 1-1 во третата рунда од групната фаза во Лигата на Европа.


Бодот освоен на Енфилд за русите е вреден три откако повеќе од половина натпревар го одиграа со фудбалер помалку.


Гостите поведоа со 1-0 со погодокот на Девиќ во 15-та минута, а во 37-та минута Емре Чан го изедначи резултатот.


„Црвените“ напаѓаа кон голот на Рубин Казан, но на моменти среќата, а пред се голманот на гостите спречи радост прва за Јирген Клоп на клупата од Ливерпул.

Резултати :

Група А : Фенербахче – Ајакс 1-0 , Молде – Селтик 3-1.

Табела : Молде 7, Фенербахче 4, Ајакс 2, Селтик 2.

Група Б : Бордо – Сион 0-1, Ливерпул – Рубин Казан 1-1

Табела : Сион 7, Ливерпул 3, Рубин Казан 2, Бордо 2.

Група Ц : ПАОК – Краснодар 0-0, Кабала – Дортмунд 1-3

Табела : Дортмунд 7, Краснодар 4, ПАОК 3, Габала 

Група Д : Мидтилијанд – Наполи 1-3, Легија – Клуб Бриж 1-1

Табела : Наполи 9, Мидтилианд  6, Легија 1, Клуб Бриж 1

Група Е : Рапид – Викторија Плзен 3-2, Виљареал – Динамо Минск 4-0

Табела : Рапид 9, Виљареал 6, Викторија 3, Динамо Минск 0.

Група Ф : Брага – Олимпик Марсеј 3-2, Либерец – Гронинген 1-1

Табела : Брага 9, Либерец 4, Марсеј 3, Гронинген 1.

Мх.П.