Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин со убедлив триумф над Феенорд (4-0) одговорија на притисокот кој го имаа пред мечот во петтата рунда од Лигата на Европа.


По победата на Фенербахче против Зорија (2-0) на „црвените ѓаволи“ им беше неопходна победа, а на погон од капитенот Вејн Руни стигнаа до целта.

Руни во 35-та минута со маестрален погодок го отвори резултатот по асистенција од Златан Ибрахимовиќ. Клучна улога Руни одигра и во вториот, откако несебично додаде за Хуан Мата кој го дуплираше водството.


На 3-0 зголеми Ибрахимовиќ кој со помош на голманот Бредли Џонс ја погоди противничката мрежа. Печат на триумфот стави Џеси Лингар кој влезе во игра од клупата.


Во последната шеста рунда на Манчестер Јунајтед потребен му е реми на гостувањето кај Зорија за пласман понатаму додека Феенорд и Фенербахче во меѓусебен дуел ќе решаваат за судбината.

Резултати:

Група А: Фенербахче – Зорија 2-0, Манчестер Јунајтед – Феенорд 4-0

Табела: Фенербахче 10, Манчестер Јунајтед 9, Феенорд 7, Зорија 2.

Група Б: Астана – АПОЕЛ 2-1, Олимпијакос – Јанг Бојс 1-1

Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 8, Јанг Бојс 5, Астана 5

Група Ц: Кабала – Андерлехт 1-3, Сент Етјен – Мајнц 0-0

Табела: Андерлехт 11, Сент Етјен 9, Мајнц 6, Кабала 0

Група Д: Зенит – Макаби Тел Авив 2-0, Дундалк – АЗ Алкмар 0-1

Табела: Зенит 15, АЗ Алкмар 5, Макаби Тел Авив 4, Дундалк 4.

Група Е: Австрија Виена – Астра 1-2, Рома – Викторија Плзен 4-1

Табела: Рома 11, Астра 7 ,Австрија Виена 5, Викторија Плзен 3

Група Ф: Атлетик Билбао – Сасуоло 3-2, Генк – Рапид Виена 1-0

Табела: Генк 9, Атлетик Билбао 9, Рапид Виена 5, Сасуоло 5

Група Г: Ајакс – Панатинаикос 2-0, Селта Виго – Стандард 1-1

Табела: Ајакс 13, Селта 6, Стандард 6, Панатинаикос 2

Група Х: Гент – Брага 2-2, Шахјтор – Коњаспор 4-0

Табела: Шахјтор 15, Брага 6, Гент 5, Коњаспор 1

Група И: Краснодар – Салзбург 1-1, Шалке – Ница 2-0

Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салзбург 4, Ница 3

Група Ј: Фиорентина – ПАОК 2-3, Слован Либерец – Карабах 3-0

Табела: Фиорентина 10, Карабах 7, ПАОК 7, Слован 4

Група К: Хапоел Беер Шева – Интер 3-2, Спарта Прага – Саутемптон 1-0

Табела: Спарта Прага 12, Саутемптон 7, Хапоел Беер Шева 7, Интер 3

Група Л: Цирих – Виљареал 1-1, Стеауа – Османлиспор 2-1

Табела: Османлиспор 7, Виљареал 6, Цирих 6, Стеауа 6.

OhridNews